Дабл-дабл на Мустафица, Пелистер со цел плен од Скопје

97

Екипата на Пелистер по успешниот вовед во АБА2-лига се врати на домашните обврски. Битолчани на гостувањето кај Академија ФМП ја оправдаа фаворитската улога, славеа со 70-79 за втор триумф оваа сезона.

Првото полувреме му припадна на домашниот тим, кој по првата четвртина имаше позитива од три коша (26-23), додека на одморот замина со плус четири (39-35). Избраниците на Марјан Илиевски во третата четвртина одиграа многу подобро, ја добија со 26-14, па во последните десет минути влегоа со резултат 53-61.

Во 35 минута дојдоа до двоцифрени 56-67 и тука го урнаа отпорот на противникот за сигурни бодови. На другата страна домашниот тим остана на една победа, ова е втор пораз сезонава.

Прво име во редовите на Пелистер беше Мустафица, дуелот го заврши со дабл-дабл од 25 поени и 16 скока, Хаџифејзовиќ имаше 17 поени. Кај Академија ФМ, Овенс реализираше 18 поени.

ПретходноРуски ТикТокер со 1,7 милиони обожаватели потпиша профи-договор со бугарски клуб
СледноВо Париз можна „војна“: 800 полицајци ги чуваат навивачите на Макаби Хаифа (ВИДЕО)