Зарем има некој што го сака ваквиот Кристијано Роналдо!?

166

Нема дилеми дека Кристијано Роналдо ги доживива своите најлоши денови во фудбалската кариера. Иако тој е вратен во првиот тим, сепак дефинитивно за него нема место веќе во Манчестер Јунајтед во блиска иднина, но за Португалецот поголем проблем е фактот дека нема клуб во Европа, барем од оние кои значат нешто, кој го посакува во своите редови. Бадијала најдобриот менаџер во светот Мендеш “трча“ низ Европа, со надеж дека барем ќе се најде нешто за својот клиент.

Зарем има некој што го сака ваквиот или овој Роналдо? По се она што направи на мечот со Тотенхем, а и претходно, сега сите сфатија дека со него во тимот имаш „бомба“ во својот тим или клуб ако сакате.

Сега се шпекулира за Челзи, но дали навистина Греам Потер, стратегот на “сините“ е толкав идиот за да ја прифати идејата на газдата Тод Боли кој пак не би имал ништо против Роналдо на “Стемфорд“, се разбира поради маркетингот.

Но, Роналдо е веќе далеку од своите најубави денови, на фудбалски план.

Па, затоа му останува само МЛС и преселба во САД или С. Арабија каде ќе игра пред 5.000 до 10.000 гледачи. Бадијала петро – доларите кога нема да ги урива рекордите во ЛШ, од кој тој е зависен.

ПретходноПолувреме во Штип: Очајна Брегалница, нешто подобри “пандевци“, резултатот е 0:0!
СледноСерена Вилијамс: Не, не сум во пензија!