Крстев се врати на кормилото на Слога Виница

236

Второлигашот Слога Виница денеска информираше дека за нов шеф на стручниот штаб е назначен Крсте Крстев.

Крстев, кој веќе денес го одработи и првиот тренинг со екипата, е тренер кој во минатото ја има водено Слога Виница и со голем успех ја внесе во втората лига. Истиот претходно има работено како шеф на стручен штаб во екипи како што се Детонит, Каменица Саса, Осогово и други.

„Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Слога1934 Виница за укажаната доверба и можност да повторно работам во клуб со кого испишав историја и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана, не чека многу работа но се надевам ќе ја израдуваме виничката публика со одлични резултати!“, изјавил Крстев веднаш по денешната промоција за нов тренер на виничани.

ПретходноВо Париз можна „војна“: 800 полицајци ги чуваат навивачите на Макаби Хаифа (ВИДЕО)
СледноЛШ: Челзи запечати осминафинале, Севиља остана со теоретски шанси (ВИДЕО)