Легендата на бразилскиот фудбал, Луис Фелипе Сколари ќе се појави во, најверојатно, неговото последно големо финале во славната 40-годишна тренерска кариера, предводејќи го Атлетико Паранаенсе против Фламенго во битката за трофејот во Копа Либертадорес.
Ова е трет последователен бразилски финален дуел на најпрестижниот клупски турнир во Јужна Америка. Двата тима ќе се соочат на стадионот во Гвајакил (Еквадор) во сабота на 29 октомври.
„Моја кариера е при крај. Ако го освоиме Купот, тоа ќе биде прекрасна кулминација за која работев многу. Никогаш не очекував да освојам толку многу работи колку што успеав да освојам“, изјави Сколари на новинарите.
73-годишниот стретег последната светска титула на Бразил му ја донесе во 2002 година, но го има и најтешкиот домашен пораз – понижувањето од Германија со 1:7 во полуфиналето на домашното Светско првенство во 2014 година.