ЛШ: Јуве се збогува со осминафиналето, ПСЖ броеше до 7, Реал поразен кај Лајпциг (ВИДЕО)

142

Јувентус остана без можност за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вечерва се спаси од вистински дебакл на гостувањето кај Бенфика во Лисабон. Домашните водеа со високи 4:1 се до 77. минута кога најпрво Милик, а потоа и Меккени во 79. минута успеаја да намалат на 4:3 и да го внесат мечот во неизвесен финиш. Домашните уште во првото полувреме зачекорија кон убедлива победа (3:1), а во вториот дел со вториот гол на Рафа Силва само го потврдија триумфот. Јувентус со овој пораз остана без шанси за пласман во следната фаза.

ПСЖ во вториот меч од оваа група ја наполни мрежата на Макаби Хаифа обезбедувајќи триумф од 7:2. Одлична пратија имаше триото Меси, Нејмар, Мбапе, каде Меси и Мбапе погодија по двапати, а Нејмар постигна еден гол.

Динамо (З) не успеа да најде решение за разиграниот Милан кој замина од „Максимир“ со висока победа од 4:0. Адеми, Ристовски и нивните соиграчи се држеа 40-тина минути, по што дојде голот на Габиа за водство на Милан, а во вториот дел погодија и Рафаел Леао, Жиру (пенал), а автогол си даде Љубичиќ.

Ослабениот Реал (М) дојде како вистински подарок за РБ Лајпциг. „Биковите“ на домашен терен славеа со 3:2 и успеаја да дојдат на чекор до пласманот во нокаут фазата. Гвардиол и Нкунку погодија за домашните во првиот дел, додека Тимо Вернер погоди за 3:1. За Реал, Винисиус Жуниор погоди на крајот на првото, а Родриго од пенал на крајот на второто полувреме.

Без голови заврши мечот во Дортмунд меѓу Борусија и Манчестер Сити, а нерешено беше и во Глазгов на дуелот меѓу Селтик и Шахтјор (1:1).

Група Е

18.45 РБ Салцбург – Челзи 1:2

21.00 Динамо Загреб – Милан 0:4


Standings provided by Sofascore

Група Ф

21.00 Селтик – Шахтјор Д. 1:1

21.00 РБ Лајпциг – Реал Мадрид 3:2


Standings provided by Sofascore

Група Г

18.45 Севиља – ФК Копенхаген 3:0

21.00 Борусија Д. – Манчестер Сити 0:0


Standings provided by Sofascore

Група Х

21.00 Бенфика – Јувентус 4:3

21.00 ПСЖ – Макаби Хаифа 7:2


Standings provided by Sofascore

ПретходноВалтер: Бевме добри 20. минути, а потоа „заглавивме“! Не можеме да бидеме горди!
СледноЛегендата Сколари во пензија ќе оди со уште еден голем трофеј?