ПМФЛ: Брегалница – А.Пандев, дуел на екипи кои заборавиле кога последен пат победиле!

216

 

Денеска од 14 часот во Штип, со мечот меѓу Брегалница и А. Пандев се „отвора“ 12.коло во ПМФЛ. Сите останати мечеви се играат утре, исто така од 14 часот.

Ова дерби на истокот доаѓа во многу незгоден момент и за двете екипи, екипи кои важат за убедливо најнепријатни изненадувања во текот на сезоната во нашата елитна лига. Резултатската криза, па и играчка, трае ли трае. И Брегалница и А.Пандев  едноставно заборавиле кога последен пат победиле во ПМФЛ.

Па да се потсетиме. Брегалница тоа го стори на 4 септември во меч од 6.коло кога славеше против Шкупи со 2:0, додека “пандевци“ на 31 август, кога победија со Скопје. А денеска сме 25 октомври.

Им “гори“, и тоа како им “гори“ и на двете екипи, како и на стратезите Илчо Ѓорѓиоски и Александар Васоски. Овој дуел никој не смее ниту да помисли да го загуби. И Брегалница и А. Пандев си имаат свои мотиви.

Со овој меч се отвора и вториот дел од сезоната, колку за потсетување во 1.коло, кога се играше во Струмица, тогаш Брегалница со 1:2 славеше на гостувањето кај А. Пандев. Ете уште еден мотив повќе за струмичани.

На крајот во пресрет на овој меч екипата на Брегалница се наоѓа на 7.место со освоени 12 бода, додека А. Пандев е деветта со 8 бода.

Ете затоа велиме дека ова е меч кој и Брегалница и А. Пандев мора да го добијат, а нели, победник може да биде само еден. Ете затоа попладнево под Исарот ќе биде “жешко“, многу „жешко“.

 

ФОТО: FK Bregalnica FB

Претходно„Одморот“ заврши, Зидан најави кам-бек!
СледноЧелниците на Јувентус обвинети за измама, Роналдо одбил да се појави на сослушување!