Како што дознаваме тимот на Арсими од Чегране, кој во оваа сезона го има своето деби во ВМФЛ, останува без тренерот Бујар Ислами. Човекот кој долги години е во мак – фудбалот, а во изминатите години со успех ги предводеше Ренова, па потоа и Беса, си дал оставка од местото шеф на стручниот штаб на Арсими и тоа од приватни причини. Раководството на клубот и спонзорот се обиделе да го разубедат Ислами да ја промени својата одлука, но тој, барем како што велат нашите информации, сепак нема да остане во Арсими.
Инаку Арсими иако како дебитант во ВМФЛ, сепак за кусо време успеа да се докаже дека станува збор за добро организиран клуб. Тренерот Ислами и за тоа имаше своја улога, Арсими играше одличен фудбал, но на некои мечеви изостана реализацијата, имаше и нереализиран пенал како на последниот меч во Македонска Каменица на гостувањето кај Саса.