Захариевски за ждрепката во Купот: Брегалница е добар тим, но верувам дека Струга ТЛ ќе оди натаму!

234

Лидерот на табелата во ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум, денеска го дозна својот противник во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Тоа е составот на Брегалница, мечот се игра на 9 номември и тоа во Струга.

Стратегот на стружани Срѓан Захариевски, откако дознае кој противникот имаше свој коментар:

Нема изненадувања и нема слаби екипи во оваа фаза од Купот на Македонија. Кој и да се паднеше ќе имавме квалитетен ривал. Секако дека Брегалница е многу добар тим, но факт е дека домашниот терен носи и една мала предноста. Јас верувам дека Струга Трим Лум ќе се пласира во полуфиналето и тоа по третпат во својата клупска историја“ рече Захариевски.

ПретходноФлорентино Перез успешно опериран!
СледноAрсенал е лидер во четири различни шампионати!