„Одморот“ заврши, Зидан најави кам-бек!

997

Пред 17 месеци Зинедин Зидан му ја препушти клупата на Реал Мадрид на Карло Анчелоти и оттогаш името на легендарниот Французин се поврзува со многу врвни клубови, пред се ПСЖ.

Засега нема ништо од тоа и Зидан веќе јасно стави до знаење дека не сака предолга тренерска кариера, но се чини дека наскоро би можеле повторно да го видиме на теренот.

Шпанскиот весник „Ас“ објави дека за време на официјалното претставување на неговата нова восочна фигура во париски музеј, Зидан одговорил на новинарско прашање:

Кога повторно ќе ме видите на клупата?

„Наскоро. Не сум далеку од враќање на тренерската работа“, изјавил Зидан. 

Да потсетиме, Зидан во првите три сезони како главен тренер во Реал Мадрид освои три последователни ЛШ, а на тоа додаде и бројни други трофеи. Тој исто така освои една Лига на шампиони во 2014 година како помошник на Анчелоти, а повторно работеше како тренер на Реал од 2019 до 2021 година, а потоа ја освои шампионската титула во Шпанија.

ПретходноТежок пораз за Денвер, на Јокиќ ова му се нема случено од стартот на пандемијата (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Брегалница – А.Пандев, дуел на екипи кои заборавиле кога последен пат победиле!