Федерико Киеза и натаму е надвор од тимот на Јувентус. Тој е изоставен од тимот за гостувањето кај Бенфика во групната фаза од Лигата на шампионите.
Федерико Киеза и натаму е надвор од тимот на Јувентус. Тој е изоставен од тимот за гостувањето кај Бенфика во групната фаза од Лигата на шампионите.
И покрај враќањето на Киеза на тренинзите со тимот од Торино, 24-годишниот фудбалер се уште не е подготвен да настапи на натпреварите на Јувентус. Тој беше тешко повреден во јануари, а пред неколку недели продолжи со активен тренажен процес.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се уште не сака да ризикува со играњето на Федерико Киеза.