Второлигашот Слога Виница денеска информираше дека за нов шеф на стручниот штаб е назначен Крсте Крстев.
Крстев, кој веќе денес го одработи и првиот тренинг со екипата, е тренер кој во минатото ја има водено Слога Виница и со голем успех ја внесе во втората лига. Истиот претходно има работено како шеф на стручен штаб во екипи како што се Детонит, Каменица Саса, Осогово и други.
„Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Слога1934 Виница за укажаната доверба и можност да повторно работам во клуб со кого испишав историја и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана, не чека многу работа но се надевам ќе ја израдуваме виничката публика со одлични резултати!“, изјавил Крстев веднаш по денешната промоција за нов тренер на виничани.