Предмалку во просториите на Фудалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.
Ждрепката сакаше во оваа фаза да се паднат меѓусебе Шкупи и Шкендија, мечот се игра на Чаир. Силекс го доби „џекпотот“, му се падна второлигашот Вардар.
Струга ТЛ игра дома со Брегалница а во Ѓорче екипата на Македонија ЃП ќе го дочека составот на А.Пандев.
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ
СИЛЕКС – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
Да кажеме дека натпреварите од оваа фаза на Купот се играат на 9 ноември со почеток во 13 часот.
Додека полуфиналето е закажани за 5 април следната година, додека големото финале во мај 2023 година, како што е вообичаено.