Вечерва се играат осум мечеви од 5.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека еден од најинтересните мечеви, па и за нас, се игра на “Максимир“ во Загреб каде нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со своот Динамо ќе ги одмерат силите против Милан.
Ова за “модрите“ ќе биде еден од клучните мечеви, во случај на триумф тие и натаму би ги задржале шансите за пласман во следната фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа.
Манчестер Сити во дербито на колото гостува кај Борусија Дортмунд, тоа значи дека Ерлинг Халанд ќе „удри“ против својот некогашен тим и дека по пет месеци одново ќе заигра на култниот „Сигнал Идуна Парк“, но не во жолтиот дрес.
Да кажеме дека од оние тимови кои вечерва ќе настапат, пласман во 1/8 финалето во ЛШ, кое се игра следната година, си обезбедија веќе екипите на Манчестер Сити и Реал Мадрид.
ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО ВО ЛШ
ГРУПА – Е
САЛЦБУРГ – ЧЕЛСИ (18:45 Ч)
ДИНАМО ЗАГРЕБ – МИЛАН (21:00 Ч)
ГРУПА – Ф
ЛАЈПЦИГ – РЕАЛ МАДРИД (21:00 Ч)
СЕЛТИК – ШАХТЈАР (21:00 Ч)
ГРУПА – Г
СЕВИЛЈА – КОПЕНХАГЕН (18:45 Ч)
ДОРТМУНД – МАНЧЕСТЕР СИТИ (21:00 Ч)
ГРУПА – Х
БЕНФИКА – ЈУВЕНТУС (21:00 Ч)
ПСЖ – МАКАБИ (21:00)