ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Дебакл на Јуве, Реал губи кај Лајпциг, ПСЖ моќно против Макаби

74

Бенфика со убедливи 3:1 замина на полувреме против Јувентус во меч кој за гостите е „да се биде или не“. „Старата Дама“ во првите 45 минути во Лисабон практично ги потврди сите слабости од тековната сезона и веќе сигурно чекори кон елиминација од натамошните настапи во насјилното клупско натпреварување.

Во оваа група, ПСЖ има убедлива предност на полувреме над Макаби Хаифа од 4:1, а по головите за домашните ги постигна ѕвезденото трио: Меси (2), Мбапе, Нејмар.

Изненадувачка предност на полувреме има Лајпциг кој води со 2:1 на мечот со европскиот првак Реал (М). Германците водеа и со 2:0 до пред самиот крај на полувремето, кога Винисиус Жиниор намали на 2:1.

На постанатите дуели, Милан води со 1:0 кај Динамо во Загреб, Борусија (Д) и Манчестер Сити завршија 0:0, додека Селтик има минимални 1:0 против Шахтјор.

ПретходноАнчелоти: Кој се плаши од повреда, нека си седи дома и нека си гледа филмчиња
СледноАнгиса се враќа во составот на Наполи за мечот со Ренџерс