Вечерашниот меч од ЛШ меѓу Бенфика и Јувентус (21 часот) поради бизарна причина ќе се одигра без технологија на гол линијата. Главниот судија Срѓан Јовановиќ ќе нема помош од технологијата наречена „Goal line“ која е воведена пред ВАР и се работи за систем кој автоматски проверува дали топката ја поминала гол-линијата и веднаш испраќа сигнал до судијата доколку погодокот е регуларен.
Но вечерва српскиот судија ќе ја нема помошта, затоа што на стадионот на Бенфика се одвиваат градежни работи и оваа технологија е расипана. Од Бенфика не ја известиле навреме УЕФА за овој проблем, па европската фудбалка куќа одлучи мечот да се одигра без оваа технологија.
Сепак, Јовановиќ ќе има помош од ВАР кои ќе проценуваат при спорни моменти.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Мечот Бенфика-Јувентус од бизарна причина ќе се игра без гол-технологија