Отвораме против Исланд

567

Македонската репрезентација до 17. години денеска на чело со селекторот Вујадин Станојковиќ го стартува квалификацискиот турнир кој се одржува токму во нашиот главен град.

На комплексот Петар Милошевски од 14:00 часот го стартуваме прелиминарниот квалификациски турнир против репрезентацијата на Исланд. Исклучелно незгоден противник чиј што фудбал годиниве е во страпна експанзија и кој ќе биде се само не лесен залак за нашите млади репрезентацивци.

Сепак, веруваме дека нашиот национален тим е подготвен за предизвикот и дека како и изминатите генерации ќе избори пласман во следната елитна квалификациска рунда. Во нашата група се наоѓаат уште и Франција и Луксембург кој исто така од 14:00 часот ги играат својот дуел но на теренот на стадионот во Ѓорче Петров.

Македонија:

Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички);

Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Андреј Велков (Академија Пандев), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Никола Стојковски (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Фљакрон Мемиши (Шкендија);

Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Алдин Али (Винтертур, Швајцарија), Даниел Коцев (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Никола Манојлов (Работнички), Максимилиан Димитриевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Димитар Данев (Работнички);

Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Салим Арифи (Победа);

ПретходноБитола се буди: Е.Пелистер почнува нова европска авантура!
СледноСега и Италија бара исфрлање на Иран од Мундијалот во Катар, Инфантино доби директно писмо