Пелистер со пораз на домашен терен тргна во новиот европски предизвик!

155

Е.Пелистер со пораз на домашен терен ја отвори новата сезона во Европската лига. Македонскиот вицепрвак во првото коло беше совладан од Архус со 27-30 (12-16).

Битолчани беа на минус пет на средината на второто полувреме, но не се откажаа, предводени од Марко Кизиќ, ја стопија негативата и дојдоа на минуд еден 26-27. Набрзина примија три гола, не успеаја да се вратат.

Хосни и Хенеберг постигна по пет гола, Костески и Кузманоски имаа по четири погодоци, Лесјак и Кизиќ запишаа по шест одбрани. На другата страна Вест имаше 11 погодоци од 13 обиди.

Македонскиот вицепрвак добро влезе на мечот, поведе со 3-1, па со 7-3, сите голови беа дело на македонските ракометари, три гола на Кузманоски, два Костески и два Танкоски. На другата страна гостите со два погодоци во низа намалија на 7-5 во 12 минута. Хосни промаши пенал, но веднаш се корегира во следниот напад врати на плус три 8-5.

По последното водство од 10-7 во 18 минута, Пелистер застана влезе во во криза, од која гостите со серија од 1-7 направија целосен пресврт, поведоа со 11-14 во 25 минута. На другата страна битолскиот тим беше седум минути без погодок. Танкоски го прекина молкот, но само на кратко, на одморот Архус замина со највисоки 12-16.

Во првите две и пол минути, Пелистер со два гола и одбрана на Лесјак намали на 14-16, но одново падна, па гостите пак имаа плус четири 14-18. По серијата на грешки на битолчани, гостите за прв пат поведоа со 16-21 во 38 минута.

Ова водство данскиот тим го одржуваше до средината на второто полувреме. Кизиќ застана на голот со три одбрани по ред ги разбуди своите соиграчи, Хенеберг, Ојлески, Костески и Павле Атанасијевиќ намалија на 23-25 во 48 минута. Пелистер успеа да дојде на минус еден (26-27) со голот на Пешевски во 55. минута, но гостите со три гола во две минути зголемија на 26-30 и ги урнаа сите надежи во салата „Боро Чурлевски“.

ПретходноАнгиса се враќа во составот на Наполи за мечот со Ренџерс
СледноВалтер: Бевме добри 20. минути, а потоа „заглавивме“! Не можеме да бидеме горди!