Попладнево во Штип, во првиот меч од 12.коло во ПМФЛ, Брегалница со 1:0 успеа ја победи А. Пандев. Стрелец на голот беше Дарко Додев во 62.минута.
Се чини со оваа победа веројатно малку ќе се смират тенизиите во фудбалски Штип и дека стратегот Илчо Ѓорѓиоски и натаму ќе биде на клупата.
А. Пандев и натаму нема победа и тоа од крајот на август, ова беше петти меч откако Александар Васоски се врати на клупата, но тој и натаму не знае што е победа.
Инаку првиот дел беше очаен, посебно Брегалница се „истакна“ кога домашниот тим не упати ниту еден удар кон голот на “пандевци“. И А. Пандев не одигра којзнае што, но сепак имаше две закани преку Митровски и Томовски, но на пауза се замина со тие 0:0.
Свирежите од трибините најдобро го отсликаа како тоа одиграа и двете екипи.
Во второто полувреме сосема нешто друго. Брегалница ја отвори играта, почнаа да се редат акциите на штипјани, и тѕоа вроди со гол во таа 62.минута кога Дарко Додев реагираше фантастично и нешто оддесно со максимално прецизен шут донесе радост за домашните за водство од 1:0.
Инаку седум минути подоцна домашните протестираа барајќи пенал откако Ивановски се чини играше со рака.
Во продолжени струмичани се обидуваа да сторат нешто, но без успех. Брегалница умешно го чуваше резултатот и од контри се закануваше.
Сепак на крајот резултатот гласеше 1:0 за Брегалница, заслужен триумф, освоени големи, големи три бода.