Помладиот Мбапе дебитираше за ПСЖ во младинската ЛШ

151

Во рамките на 5.коло од групата во младинската ЛШ, Итан Мбапе, помладиот брат на поголемата ѕвезда Килијан Мбапе, денеска дебитираше за Пари Сен Жермен на мечот против Макаби Хаифа.
Итан има 15 години и ова му беше прв старт за парискиот клуб во европските купови. Тој асистираше за вториот гол на ПСЖ во победата од 3:1, а играше до 84. минута.
ПСЖ се пласираше во осминафиналето на младинската ЛШ.
Инаку Мбапе помладиот е во ПСЖ од 2017 година во истиот период кога и Килијан дојде на „Паркот на принцовите“.

ПретходноТворецот на моќниот Ливерпул се сели на “Олд Трафорд“!
СледноРуски ТикТокер со 1,7 милиони обожаватели потпиша профи-договор со бугарски клуб