Вистинска фама се создаде последните два дена околу учевството на репрезентацијата на Иран на претстојниот мундијал во Катар и нејзиното потенцијално исфрлање. Истото е побаранио најпрво од Украина, која што тврди дека како агресор на нејзината територија, како помагач на Русија и дека мора како и самата „Зборнаја“ да сноси последици за она што го прави.
Од друга страна пак, денеска уште поголем притисок врз ФИФА и нејзиниот прв човек Џани Инфантино на оваа тема направи и Италија која што преку својот амбасадор во Обединетите Нации, Маурицио Масари испрати диркетно писмо до Инфантино за исфрлање на Иран од истата причина. Со тоа што Италија смета дека токму таа како Европски првак има право на местото на Иран доколу оваа репрезентација навистина биде исфлена.
Сепак, колку и да Италија сака да влезе на Мундијалот од „задна врата“, правилата на ФИФА се сосема децидни. Доколку Иран биде исфрлен тогаш на нејзино место може да влезе само репрезентација од истата фудбалска асоцијација поточно во случајов Обединетите Арапски Емирати. Но, со оглед на фактот како функционираат нештата денеска, нема да биде ништо чудно само задари поголема гледаност на мечевите, реклами, и тв права Италија навистина биде вметната наместо Иран.