Сестрата на Роналдо го цитираше Мурињо, пораката беше за Тен Хаг!

853

Кристијано Роналдо се најде во најтешкиот момент во кариерата. Португалецот, кој оваа сезона беше една од водечките фигури на Манчестер Јунајтед, со доаѓањето на новиот тренер, Ерик тен Хаг го загуби стариот сјај и повеќе не е играч кој има важна улога.

Овој 37-годишен играч оваа сезона многу често ги започнува натпреварите од клупата, а се случува и да не влезе во игра. Неодамна се загреваше, а кога сфати дека нема да добие минута бидејќи се направени сите промени, Португалецот го напушти стадионот.

Набрзо клубот се огласи и го суспендираше Роналдо, кој го пропушти ремито на Стемфорд Бриџ против Челзи минатиот викенд.

На својот „Инстаграм“ профил во одбрана на својот брат, застана сестрата на Роналдо, која извади стих од Библијата.

„Овој човек вам ви е даден по Божји намерен план и со помош на злото ќе го убиете приковувајќи го на крст“, напиша на Инстаграм сестрата на Роналдо, Катија Авеиро. Таа ја спореди ситуацијата на нејзиниот брат со Исус Христос.

49-годишната девојка на својот Инстаграм објави и изјава од Жозе Мурињо во која славниот тренер вели: „Ако не можете да тренирате најголеми, не можете да тренирате никого“.

Португалецот секако е фрустриран од втората сезона по враќањето на „Олд Трафорд“, но конечно мора да сфати дека годините минуваат и тој старее и сигурно не може да биде на нивото на кое беше некогаш. Сепак, тој и многу негови обожаватели тешко се помируваат со тој факт.

ПретходноВест Хем рутински до победа над Борнмут (видео)
СледноТежок пораз за Денвер, на Јокиќ ова му се нема случено од стартот на пандемијата (ВИДЕО)