Македонската репрезетација на чело со селекорот Вујадин Станојковиќ предмалку на домашен терен во рамките од квалификацискиот турнир на кој што сме домаќини загуби со високи и убедливи 0:3 од репрезентацијата на Исланд. Во дуел во кој противникот ама апсолутно беше подобар во секој сегмент од играта, знаеше што сака, и не направи ниту една грешка, за разлика од нас, младите исландски фудбалери во потполност покажаа зошто се дојдени во Скопје, и кои им се амбициите на овој турнир. За разлика од нас, кои грешевме пред се во одбраната, на средина не ги добивавме дуелите, а во нападот и она нешто што го создадовме не го искористивме.
Двојна негатива по половина час
Ентузијасмот и мотивацијата дека можеме нешто повеќе да направиме на овој меч не напушти по половина час кога Исланд поведе со 0:2. Најпрво Кјартасон во 25 минута го доведе противникот во водство, а шест минути подоцна во 31. Минута Гудјохсен зголеми на 0:2. Веќе во тие моменти се увиде дека противникот е ниво погоре и дека на овој меч тешко дека ќе се избориме за поволен резултат.
Гудјохсен погодува по втор пат
Само што започна второто полувреме противникот во првата поволна ситуација зголеми на 0:3. Гудјохсон избега сам зад нашата одбрана по една убава длабочинска топка, и го лобуваше излезениот Вргов.
До крајот противникот рутински го приведе мечот до крај и не дозволи никакво изненадување пред неговиот гол.
Нам ни преостанува да се консолидираме до следниот дуел против Франција кој го играме на 28 и да го поправиме впечатокот.
Франција пак денеска немаше проблеми против Луксембург и со погодоци во второто полувреме го совлада со 4:0.
Квалификацискуи турнир У17
Македонија – Исланд 0:3 (0:2)
Комплекс Петар Милошевски во Скопје
Гледачи: 300
Главен судија: Џмитриу (Белорусија) Помошници: Емелијачиков (Белорусија) Шевченко (Литванија)
Стрелци: Кјартасон 25, Гудјонсен 31, 48 (И)
Ж.картони: Љубевски (М) Тхорборсон (И)
Македонија:Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ (Подграџа 46), Велков, Димитријевски (Коцев 80), Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетовиќ (Младеновски 70)
Исланд: Торхалисон, Стефансон, Тјорборсон, Стефансон, Сигурдсон, Кјартасон (Пуришевиќ), Меландер, Гудмундсон (Карлсон 56), Гудјонсен, Јохансен, Карлсон