Се чини дека газдите на Манчестер Јунајтед сфатија што треба да прават. По многу “потрошени“ тренери и пред се пари, тие успеаја да го наговорат творецот на моќниот Ливерпул, спортскиот директор Мајкл Едвардс да дојде на „Олд Трафорд“. Да се потсетиме дека Едвардс во Ливерпул дојде во 2011 година и тоа од Тотенхем. Подоцна преку него одеа сите трансфери кои тренерот Јирген Клоп ги посакуваше, како на пример на Ван Дајк, Мане, Салах, Алисон…
Едноставно човекот си ја знае работата.
Едвардс во редовите на „редси“ беше се до пред неколку месеци кога реши малку да се “одмори“.
Во медиумите на Островот се вели дека тој следната година ќе ја преземе функцијата во Јунајтед и дека заедно со стратегот Ерик тен Хаг ќе бидат супер – тандем.