Како што попладнево јавуваат медиумите во Шпанија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез утринава бил успешно подвргнат на оперативен зафат на белите дробови. Операцијата на белите дробови со кои Перез си имал проблеми успепшно завршила во една од болниците во Мадрид.
Тоа значи дека првиот човек на кралевите, нема вечер да присуствува на мечот од Лигата на Шампионите на неговиот Реал Мадрид со Лајпциг во Германија.