Антјух остана без олимпиското злато од Лондон

77

Поради позитивен повторен тест на примероците земени уште во 2012 година за време на Олимписките игри во Лондон, сега веќе пензионираната олимписка шампионка, русинката Наталија Антјух остана без златниот медал освоен на трката на 400 метри со пречки.

Во примерокот земен по трката, пронајдени се недозволени стедства, и русинката официјално е дисквалификувана.

Па така, сега олимпиското злато ќе и припадне на американката Лашинда Демус, која освои сребро, а следствено овој медал оди кај Зузана Хејнова од Чешка. Бронзата е кај Калис Спенсер од Јамајка.

ПретходноРисто Вуков со осврт за оваа сезона!
СледноКуп – 1/4 финале: Супер дуел Шкупи – Шкендија, “џекпотот“ за Силекс – му се падна Вардар!