Е.Пелистер не успеа со победа да тргне во новата сезона во Европската лига. Битолскиот тим пред своите фанови беше поразен од Архус со 27-30. Избраниците на Ларс Валтер добро го отворија мечот, но потоа паднаа дозволувајќи му на противникот да го наметне својот ритам.
„Честитки за противникот за победа и добриот меч. Можеме да бидеме задоволни од првите 20 минути, по кои падна ритамот, противникот направи серија од 9-2, едноставно заглавивме. Игравме премногу индивудално, направивме голем број на грешки, им дозволивме лесни голови. Не можеме да бидеме горди на она што го прикажавме, ќе мора да промениме многу работи за следниот меч“, изјави тренерот на Пелистер, Валтер.
Ненад Костески беше краток во својата анализа, како причина број еден за поразот ги наведе техничките грешки.
„Честитки до противничката екипа, знаеме како е да се игра во овој град, луѓето живеат за ракометот. Ги казнија нашите техничките грешки, им дозволивме брзи контри, тоа беше главниот проблем“, изјави Ненад Костески.