Откако денеска и официјално стана јаснод ека Бујар Ислами повеќе не е тренер на второлигашот Арсими, клупската управа вечерва потврди дека на негово место седнува Вилдан Салиу.
„По консултации и анализи, актуелниот асистент и тренер на нашиот тим во најуспешниот период на клубот, Вилдан Салиу, на барање на раководителот на клубот, ја прифати оваа голема одговорност“, се вели меѓу другото во клупското соопштение.
Арсими од почетокот на сезоната на 9 одиграни меча има само 3 победи.