Куп – 1/4 финале: Супер дуел Шкупи – Шкендија, “џекпотот“ за Силекс – му се падна Вардар!

1777

Предмалку во просториите на Фудалската федерација на Македонија беше одржана ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Ждрепката сакаше во оваа фаза да се паднат меѓусебе Шкупи и Шкендија, мечот се игра на Чаир. Силекс го доби „џекпотот“, му се падна второлигашот Вардар.

Струга ТЛ игра дома со Брегалница а во Ѓорче екипата на Македонија ЃП ќе го дочека составот на А.Пандев.

ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ

СИЛЕКС – ВАРДАР

МАКЕДОНИЈА ЃП – А.ПАНДЕВ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

Да кажеме дека натпреварите од оваа фаза на Купот се играат на 9 ноември со почеток во 13 часот.

Додека полуфиналето е закажани за 5 април следната година, додека големото финале во мај 2023 година, како што е вообичаено.

ПретходноАнтјух остана без олимпиското злато од Лондон
СледноКиеза се уште не е подготвен за кам – бек