Полувреме во Штип: Очајна Брегалница, нешто подобри “пандевци“, резултатот е 0:0!

193

По првите 45.минути од првиот меч од 12.коло денеска во Штип, на средбата меѓу Брегалница и А. Пандев резултатот е 0:0. Прво полувреме во кое видовме очајна Брегалница, и нешто подобри “пандевци“. Во 5.минута гостите преку Митровски имаа опасна закана и тоа беше тоа, ако не ја сметаме и заканата на Томовски во финишот.

Во 25.минута малку се „запали“ атмосферата по дуелот меѓу Херера и Велиновски, дојде до мало кошкање на неколку играчи но за среќа целата ситуација не се изроди во некој поголем инцидент.

ПретходноЛШ: Загреб е на нозе, Адеми и Ристовски го дочекуваат Милан, а Халанд повторно на „Сигнал Идуна Парк“!
СледноЗарем има некој што го сака ваквиот Кристијано Роналдо!?