„Сити Парк Бојс“ со провокација пред вечното дерби: Аеродромче ти си наше девојче (ВИДЕО)

2470

Вечното дерби секогаш носи посебен драж, мотив и кај играчите и кај навивачите без разлика со какви сили располагаат Работнички и МЗТ Скопје. Ништо поразлично нема да биде ниту на утрешната прва пресметка оваа сезона, во која „црвено-белите“ се домаќини.

Навивачите на Работнички, „Сити Парк Бојс“ вечерва испратија порака до своите конкуренти. Пред салате „Градски парк“ која веќе долго време не е дом на Работнички запалија фаќели, мотивирајќи ги кошаркарите. Истовремено ги пецнаа фановите на тимот од Аеродром, со статусот на видео-записот.

ПретходноВилдан Салиу седнува на кормилото на Арсими
СледноАнчелоти: Кој се плаши од повреда, нека си седи дома и нека си гледа филмчиња