Два дена по 78 трипл-дабл со кој се изедначи во Вилт Чембрел на шестото место на вечната листа во НБА-лигата, а прв меѓу центрите, Никола Јокиќ одигра редок натпревар без двоцифрена бројка во ниту една категорија.
Во убедливиот пораз од Портланд (135-110) на Денвер, српскиот центар постигна девет поени, исто толку скока и асистенции. Последен пат до ваков учинок дојде во 2020 година во „балонот“ во Орландо, последниот меч во доигрувањето кога против Торонто одигра само десет минути.
Во нормални услови, тоа последен пат му се случи во март 2020 година, неколку дена пред паузата поради пандемијата, кога против Кливленд имаше осум поени, скока и асистенции.
Портланд дојде до 4-0 и остана единствена непоразена екипа во Западната конференција заедно со Милвоки.
Лилард повторно беше лидер со 31 поен, зад него беше Симонс со 29 и Грант со 21. Кај Нагетс најдобар стрелец беше Гордон со 26 поени.
Резултати: Филаделфија – Индијана 120-106, Мајами – Торонто 90-98, Њујорк – Орландо 115-102, Чикаго – Бостон 120-102, Хјустон – Јута 114-108, Мемфис – Бруклин 134-124, Минесота – Сан Антонио 106-115, Портланд – Денвер 135-110.