Адеми не се предава: Одиме во Лондон по чудо!

399

Динамо Загреб беше убедливо поразен од Милан на домашен терен со 4-0 во рамките на петото коло во групната фаза во Лигата на шампиони. По овој дуел хрватскиот првак остана без шанси за пласман во осминафиналето, но остана во игра за Лига Европа, патот до таму е тежок треба со цел плен да се врати од гостувањето кај Челзи, тим против кого направи сензација на отварањето на сезоната во ЛШ.

Иако речиси изгледа невозоможно, сепак македонскиот репрезентативец Аријан Адеми верува дека можат да приредат ново чудо.

„За жал, Милан покажа дека е подобар тим и најмногу жалам за навивачите кои беа извонредни. Вториот гол кој го примивме го скрши мечот. Во Милано речиси и да се вративме, но сега правевме толку многу грешки, кои едноставно се недопустливи во Лигата на шампионите. Јас и натаму сум оптимист, не губам надеж. Одиме во Лондон на победа и ќе се обидеме да направиме чудо против Челзи на негов терен. Ќе пробраме да бидеме добри како на првиот меч со нив, бидејќи сега знаеме дека грешки како овие против Милан многу скапо се плаќаат во Лигата на шампиони“, изјави Адеми по мечот. 

ПретходноНестварниот Дончиќ одигра меч и полувреме за историја (ВИДЕО)
СледноМеси го урна рекордот на Роналдо во ЛШ!