Наполи и Ливерпул на коло пред крајот на групната фаза во Лигата на шампионите, самоуверено го потврдија својот пласман во осминафиналето. Наполи и пред ова коло веќе беше осминафиналист, но вечерва со нова победа го потврди својот пласман на врвот на табелата. Џовани Симеоне погоди во 11. и 16. минута за 2:0, додека третиот гол за домашените беше дело на Остгард. Елмас беше стартер кај Италијанците и остана на теренот до 73. минута кога беше заменет.
Ливерпул, пак, со високи 3:0 заминува од гостувањето во Амстердам против екипата на Ајакс. „Црвените“ со оваа победа ги тргнаа сите дилеми околу нивниот пласман во следниот круг. Салах погоди во првиот дел за водство од 1:0, по што во вториот дел погодија и Нуњез и Елиот.
Барселона разочарана од победата на Интер и предвремената елиминација во групната фаза, денеска не успеа да најде сили да му се спротивстави на Баерн на домашен терен. Германскиот првак во уште една доминантна партија славеше на „Камп Ноу“ со 3:0 со головите на Мане, Чупо-Мотинг и Павар во самата завршница на мечот.
Атлетико (М) не успеа да слави дома против Баер (Л) и му подари осминафинале на Порто. Момците на Симеоне одиграа само 2:2 против германскиот тим, кој двапати водеше, а Атлетико двапати се враќаше за реми. На коло пред крајот Порто има 4 бода предност пред Атлетико и е сигурен осминафиналист.
Вистинска мешаница е во групата „Д“. Таму се ќе се решава во последното коло. Тотенхем извлече само реми со Спортинг иако имаше шанса и за победа. Голот на Кејн во 96. минута беше поништен и мечот заврши со резултат 1:1.
Ајнтрахт (Ф) вечерва со 2:1 славеше против Олимпик (М), а сите три гола беа постигнати во првиот дел.
Група А
Ајакс – Ливерпул 0:3
Наполи – Глазгов 3:0
Група Б
Клуб Бриж – Порто 0:4
Атлетико Мадрид – Баер Л. 2:2
Група Ц
Интер – Викторија Плзен 4:0
Барселона – Баерн Минхен 0:3
Група Д
Ајнтрахт Франфурт – Олимпик Марсеј 2:1
Тотенхем – Спортинг Лисабон 1:1