Фудбалерите на Интер се пласираа во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вечерва на „Џузепе Меаца“ во 5. коло од групната фаза ја совладаа Викторија Плзен со убедливи 4:0. Един Џеко постигна два гола за „нероаѕурите“, а во својот прв настап по само 4 минути на теренот, гол постигна и Лукаку.
Домашните од првата минута напаѓаа силно кон гостинскиот гол, а на првиот погодок се чекаше до 35. Минута кога Мхитарјан погоди за водство.
Седум минути Џеко со својот прв гол зголеми на 2:0.
Во 66. Минута, Џекос со својот втор гол зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Лукаку кој влезе од клупата во 83. минута, а четири минути подоцна постигна гол.
Во вториот меч вечерва Порто со убедливи 4:0 го совлада Бриж и зачекори кон осминафиналето во Лигата на шампионите. Момците на Консеисао одиграа одличен меч, а домашните при резултат 0:1 двапати промашуваа од белата точка.