Меси го урна рекордот на Роналдо во ЛШ!

722

ПСЖ синоќа во рамките на петото коло го групната фаза во Лигата на шампиони го освлада Макаби Хаифа со 7-2 на домашен терен. Францускиот првак го осигура местото во осминафиналето, но прашање е од кое место ќе патува таму, на коло пред крајот заедно со Бенфика имаат по 11 бода.

Одличен меч одигра Лионел Меси, постигна два гола и запиша две асистенции и го урна рекород на Кристијано Роналдо. Првиот погодок го постигна во 19. минута и тоа од казнениот просотр, додека вториот во 45. минута, надвор од шеснаесетникот на гостите. Со вториот гол против Макаби стана играч со најмногу голови постигнати надвор од шеснаесетникот во Лигата на шампиони.

Аргентинецот стигна до 23 гол постигнат надвор од шеснаесетникот и со тоа го престигна Кристијано Роналдо кој моментално има 22.

Секако, олеснителна околност за Меси оваа сезона е тоа што Роналдо воопшто не игра во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што таму не успеа да се квалификува со својот Манчестер Јунајтед.

Исто така Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 140 постигнати голови, а Меси синоќа се доближи на 11, односно го постигна својот 129.

ПретходноАдеми не се предава: Одиме во Лондон по чудо!
СледноСрбија во страв пред СП, се повреди еден од најдобрите играчи!