Нестварниот Дончиќ одигра меч и полувреме за историја (ВИДЕО)

534

Само Лука Дончиќ може да изгуби еден меч, да има реализација за три поени 2/13 и да влезе во историјата на НБА-лига. Токму ова се случи во поразот на Далас од Њу Орлеанс од 113-111 благодарение на тимската игра.

Дончиќ со 37 поени беше прв стрелец, имаше 11 асистенции и седум асистенции, дпдаде две украдени топки и една блокада. Од игра имаше 16/30. Со овој учинок Словенецот стана првиот играч на Далас кој ја отворил сезоната со над 30 поени во првите три меча. Покрај ова тој на полувреме имаше 22 поени, шест скока и шест асисстенции, со што го задржа импресивниот просек од 22/5/5 на одморот од стартот на сезоната. Овој неверојатен податок го имат неколку кошаркари меѓу кои и Јокиќ.

До крајот на мечот Дончиќ оствари уште два податок за историја. Тој е првиот играч кој ја отворил сезоната со три плус 30. Тој е вториот играч во историјата на НБА-лига, кој на првите три меча на стартот на сезоната во НБА-лига успеал да постигна 100+, 25+ скока и 20+ асистенции. Покрај него до ваков учинок има дојдено само Расел Вестбрук во сезоната 2016/17.

Резултати: Вашингтон – Детроит 120-99, Њу Орлеанс – Далас 113-111, Оклахома – ЛА Клиперс 108-94, Феникс – Голден Стејт 134-105.

ПретходноЛегендата Сколари во пензија ќе оди со уште еден голем трофеј?
СледноАдеми не се предава: Одиме во Лондон по чудо!