На денешните четири меча од 12.коло во ПМФЛ, најголемо изненадување приреди Победа со триумфот над Струга ТЛ, лидерот на табелата и тоа со 2:0. Херој е Мазари со два гола во мрежата на стружани кои веќе трет меч по ред не знаат за победа, но и натаму се први на табелата.
Голеада на Чаир. Шкупи со 4:2 го победи Тиквеш. Интересно, шампионот имаше во 17.минута веќе 3:0, но потоа следуваше опуштање, гостите од Кавадарци стигнаа до 3:2, но во финишот Маргвелашвили стави точка на 4:2. За малку ќе беше од готово па вересија за тимот на Шкупи.
Силекс на ФФМ со голот на Обадовиќ во 22.минута успеа да слави над Работнички. Интересен меч, но трите бода патуваат за Кратово со кои Силекс останува први врвот на табелата.
Шкендија по малку на рутини и со помош на Љупче Дориев успеа да дојде до бодовите на гостувањето кај Скопје. Сега Шкендија заостанува само – 3 бода во однос на лидерот Струга ТЛ, додека Шкупи и Силекс по -4 бода.
РЕЗУЛТАТИ 12.КОЛО
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0:1
(/Дориев 32.)
ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ 2:0
(Мазари 30.,80./)
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 0:1
(/Обадовиќ 22.)
ШКУПИ – ТИКВЕШ 4:2
(Младеновски 3., Алварез 14., Демири 17., Маргвелачвили 88./Вареловски 73., Мишов 78.)
ВЧЕРА
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
МАКЕДОНИЈА ЃП (СЛОБОДНА)