Полувреме: Сензација во Прилеп, Шкупи го “гази“ Тиквеш, водат и Шкендија и Силекс!

1446

Завршија првите полувремиња од 12.коло во ПМФЛ. Сензација во Прилеп по првите 45.минути. Победа со голот на Мазари води против Струга ТЛ со 1:0. Домашниот состав одигра одлично, лидерот едноставно не беше на своето ниво во овој дел од натпреварот.

На Авртокоманда очекувано Шкендија води со 0:1 и тоа со голот на Дориев во 32.минута. Скопје се обидува, но сепак тетовци го имаат водството.

На Чаир шампионот уште во првите 17 минути се чини го реши победникот, води со 3:0. Младеновски, Алварез и Демири за водство на Шкупи.

И на ФФМ, со голот на Обадовиќ во таа 22. минута, Силекс води на гости кај Работнички.

ПретходноРаботнички се засилува со две нови имиња!
СледноКалин Ивановски се пласира во 1/8 финалето на турнирот во Ираклион!