Тен Хаг: Варан има шанси да заигра на СП во Катар

98

Францускиот репрезентативец Рафаел Варан, кој го повреди бутот, нема да игра за Манчестер Јунајтед се до почетокот на Светското првенство, објави во средата неговиот тренер Ерик Тен Хаг.

„Сигурно нема да може да игра до Светското првенство“, изјави Холанѓанецот на прес-конференција пред натпреварот од Лигата на Европа против Шериф Тираспол.

Запрашан дали играчот може да игра на Мундијалот, Тен Хаг одговори: „Мислам дека би можел, но треба да почекаме да ја видиме лекарската прогноза, да видиме како ќе се развива и како ќе продолжи неговото закрепнување“.

ПретходноЛШ: Баварска машина на „Камп Ноу“, Баер (Л) го турна Порто во осминафинале (ВИДЕО)
СледноГерманците се „ноќна мора“ на Барселона