Хрватските медиуми удрија по легендата: Адеми е најголемиот проблем на Динамо!

4180

Неверојатно, но така е. Аријан Адеми, нашиот репрезентативец, нашиот “Лав“, од денеска и дефинитивно е на удар на медиумите во Хрватска. Ова доаѓа по поразот на “модрите“ синоќа од Милан во меч од 5.коло во групната фаза во Лигата на Шампионите.

Во коментарот на “Индекс.хр“, се вели дека Аријан Адеми е најголемиот проблем на Динамо Загреб сезонава, дури се потенцира дека има коментари дека кога игра тој тогаш неговиот тим како да игра со играч помалку.

Се разбира дека за ова има и оправдување. Адеми не бил целосно фит и едноставно не можел да го следи ритамот од толку натпревари, дека неговата форма е во неверојатен пад, дека никој не може во клубот, како легенда на Динамо, да му каже што треба.

Се нагласува дека на стартот од сезоната тој бил маестрален, но како што одминува времето Адеми е се послаб и послаб и дека не е она посакувано ниво.

ПретходноУкраинецот Данило Сикан со епско промашување! (ВИДЕО)
Следно“Среќна 13-ка“: Документарен филм за Благоја Георгиевски – Буштур! (ВИДЕО)