Македонскиот футсал шампион Шкупи со убедлив пораз го започна квалификацискиот турнир од главната фаза на УЕФА Футсал Лигата на шампионите кој од денеска се одржува во Скопје. Денеска во рамките на 1. коло, Шкупи со 9:2 загуби од преставникот на Луксембург, екипата на Диферданж.
Левески беше стрелец и на двата гола за нашиот тим, кој имаше голема негатива уште во првото полувреме (7:1).
За утре во 2. коло Шкупи ќе се обиде да дојде до подобар резултат на мечот со словачки Лученец, кој денеска во првиот меч во групата одигра 2:2 против чешки Хрудим.