Бабунски: Одлична игра, голем триумф на Победа, секоја чест на момците!

624

Ретко кој можеше да претпостави дека Победа на денешниот меч од 12.коло ќе ја надигра Струга ТЛ и со 2:0, со двата гола на Адтхе Мазари ќе успее да слави и тоа на задоволство на прилепските фанови.

Сепак се виде уште еднаш дека стратегот Бобан Бабунски си ја знае работата, дека Победа и тоа како има што да каже. Тоа е тим кој од коло во коло, од натпревар во натпревар просто изненадува.

Се разбира дека по денешната победа стратегот Бабунски беше среќен, а за “Спортмедиа“ изјави…

Одлична игра на Победа против најдобриот тим во ПМФЛ, против лидерот. Ова е голем триумф за нас, големи три бода. Знаевме против кого си имаме работа и со една добра игра и стриктно почитување на задачите успеавме да го неутрализираме гостинот. Секако дека Мазари е играчот на мечот, но сите се заслужни, секоја чест за момците, за сите што настапија. Ова нека биде голем потстрек за во иднина, познато е во каква финансиска ситуација е клубот, но ете фудбалерите покажуваат дека вредат“ рече стратегот на Прилепчани.

ПретходноМихаилов: Добро се подготвивме за овој дуел, знаевме што сакаме и како да дојдеме до победа
СледноЛесно и е на Шкендија кога го има Дориев!