Во големото дерби на 5. коло во ракометната Лига на шампиони, Барселона го прегази Алборг на гостински терен со 39:33 и ја нанижа петтата последователна победа од почетокот на сезоната.
Данскиот првак кој влезе со големи амбиции и оваа сезона, имаше одличен меч и егал ситуација се до средината на второто полувреме, кога Каталонците ги земаа работите во свои раце и континуирано ја зголемуваа предноста. Првиот дел заврши нерешено 19:19, а неизвесно беше се до 27:27 во вториот дел. Потоа Барселона успеа да направи исчекор, и од минута во минута растеше предноста за гостите.
Сандел со 8 гола ги предводеше домашните, додека кај Барселона, Гомез постигнаа 11.
За Алборг ова е втор пораз сезонава во групата „Б“, каде Келце и Нант веќе утре ќе имаат шанса да го преземат 2. место на табелата.