Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер (28) се врати на тренинзите откако го победи туморот на тестисите! Два месеци по операцијата тој повторно е на терен и повторно меѓу соиграчите во клубот кој летово му плати 31 милион евра на Ајакс за негов ангажман.
Клубот објави фотографија од него направена на денот на тренингот, на која е се уште без коса по терапијата. Тој е здрав, насмеан и подготвен да го направи она што го прави најдобро – да игра фудбал.
„Здраво на сите. Сакав да ве известам дека првиот чекор е завршен. Сакам да им се заблагодарам на Борусија Дортмунд и медицинскиот тим кои беа исклучителни со мене. Голема благодарност до целиот медицински персонал на болницата за нивната поддршка и добрина“, напиша Алер веднаш по операцијата.
🇫🇷 Sébastien Haller is back in full training for Borussia Dortmund! pic.twitter.com/wHN9LX6xyF
— TFS – Top Football Show (@TopFootballShow) October 26, 2022