Како што и се очекуваше добар, интересен меч на ФФМ меѓу Работнички и Силекс. Меч кој беше решен во 22.минута и тоа со голот на “кошаркарот“ Филип Обадовиќ. Сега со овие три бода кратовци се на делба на третото место на табелата со само -4 бода во однос на лидерот Струга ТЛ, додека Работнички тоне, сега по ова 12.коло клубот од Градски парк се наоѓа на 9. место со 11 бодови, само пред А. Пандев и Скопје.