ЕХФ анализа: Македонија има планина за искачување, но кога играш дома се е можно!

129

До стартот на Европското првенство во Скопје остануваат уште десетина дена. Македонија после 2012 година се враќа на континенталното натпреварување, благодарение на РФМ, го прифати предизвикот да биде дел од домаќините.

ЕХФ на својата официјална страница го претстави тимот на Македонија. На теренот ќе истрчаат многу млади имиња, со неколку искусни ракометарки ќе се обидат да им парираат на големите имиња.

„Македонија, еден од најнеискусните тимови на ЕУРО 2022 година ќе има за цел да се пласира во главната рунда за прв пат од 2008 година, но има дефинитивно планина за искачување, откако се повредија неколку искусни имиња. Згора на се, ниту ждрепката не беше добра, ќе игра во групата Ц против актуелниот олимписки првак Франција, поранешниот светски првак Холандија и искусниот тим од Романија“, е воведот на ЕХФ за Македонија.

На официјалната страница ЕХФ сподели факти кои треба да бидат познати, како тоа дека нашата женска репрезентација на Европските првенства има скор од седум победи, три ремиња и 17 порази, и станува збор за селекција за трета репрезентација со најмал број на победи.

Ова е втора организација за Македонија на едно ЕП, претходно се одржа во 2008 година.

Сара Ристовска е во центарот на вниманието, од неа се очекува и на ова големо натпреварување да ги поведе останатите.

„Сара е крило кое ретко промашува, секогаш ја има должноста за пенали, секогаш ја добива топката во тешки ситуации, бидејќи знае да го реши нападот без разлика колку сложено изгледа сето тоа. Таа е најсикусниот играч кој може да ја извлече Македонија од рутина“.

Во анализата е спомнато отсуството на Елена Ѓорѓиевска, но и напредокот на Јована Мицевска, која со своите одбрани знае да ја дигне на нозе публиката во Скопје. Таа почнала да тренира ракомет на шест години, а ЕХФ признава дека полека прераснува во добар голман.

ПретходноНиту „Д“ од дерби во „Кале“: МЗТ Скопје и натаму е класа за Работнички (ФОТО)
СледноКошаркар на Будуќност заврши во болница