Калин Ивановски, нашиот најдобар тенисер успеа да се пласира во 1/8 финалето на ИТФ турнирот во Ираклион (Грција). Тој денеска успеа со 2:0 во сетови да слави победа против Јиржи Јеничек од Чешка. Првиот сет Македонецот го доби со 6:4 во гемови а вториот со 6:3.
Да кажеме дека Калин во моментов се наоѓа на 746 позиција на АТП листата.