ЛШ: Елмас и Наполи против Ренџерс за перфекција, Интер става печат на пласманот во осминафинале…

97

Вечерва се играат преостанатите осум мечеви од 5.коло во групната фаза во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас најинтересно ќе биде под Везув, каде Наполи со нашиот Дијамант против Глазгов Ренџерс ќе одат по перфекција. Елмас и другарите сакаат пет од пет, без разлика што уште во минатото коло тие се пласираа во 1/8 финалето.

Интер дома ја дочекува Викторија Плзен. Со триумф на “Меаца“ се ќе биде готово во групата – Ц, Барса ќе биде елиминирана, а Интер и Баерн одат натаму. Каталонците им преостанува само да веруваат во чудо.

На Ливерпул на гости кај Ајакс доволен ќе му биде и бод, а најзамрсено е во групата – Д, каде сите имаат шанса во преостанатите две кола.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА – 5.КОЛО

ГРУПА – А

АЈАКС – ЛИВЕРПУЛ (21:00 Ч)

НАПОЛИ – РЕНЏЕРС (21:00 Ч)

ГРУПА – Б

КЛУБ БРИЖ – ПОРТО (18:45 Ч)

АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛЕВЕРКУЗЕН (21:00 Ч)

ГРУПА – Ц

ИНТЕР – ПЛЗЕН (18:45 Ч)

БАРСЕЛОНА – БАЕРН МИНХЕН (21:00 Ч)

ГРУПА – Д

ФРАНКФУРТ – МАРСЕЈ (21:00 Ч)

ТОТЕНХЕМ – СПОРТИНГ (21:00 Ч)

Претходно“Среќна 13-ка“: Документарен филм за Благоја Георгиевски – Буштур! (ВИДЕО)
СледноМеѓународен ватерполо турнир Скопје 2022 во организација на Вардар