Меси сруши уште еден рекорд, овојпат на Пеле

148

Синоќа тимот на ПСЖ во рамките од петтото коло славеше победа со 7:2 против тимот на Макаби Тел Авив, а мечот го одбележа Лионел Меси. Постигна два гола, додаде и две асистенции.

Па така, Аргентинецот улевствуваше во четири погодоци и на тој начин го сруши рекордот на легендарниот Пеле. Имено, Пеле комбинирано има постигнато и асистирано на 1126 погодоци, а Меси од синоќа тоа го има сторено 1127 пати.

На третото место е легендарниот унгарец Ференц Пушкаш кој кариерата ја заврши со бројката 1100. Најголемиот ривал во кариерата на Меси, Кристијано Роналдо до моментов бил дел од 1050 гола во кариерата.

ПретходноСпалети му дава шанса: Елмас стартер на дуелот со Ренџерс
СледноППД Загреб извади реми, ПСЖ го прегази Динамо во Букурешт