НБА се смее на потегот на Хрватот: Шекил во неверување (ВИДЕО)

519

ЛА Клиперси гостуваа кај Оклахома, меч кој го загубија со 108-94. Хрватскиот репрезентативец и покрај дабл-дабл учинокот се најде во центарот на вниманието поради неговиот потег на крајот на втората четвртина. Според снимките е тешко може да се објасни дали шутираше или испрати додавање.

На осум секунди до крајот, Клиперси имаа доволно време да организираат контранапад, но Зубац ја исфрли топката и го погоди обрачот, оставајќи ги соиграчите во неверување.

„Не сум сигурен што е ова“, напиша Шек на Твитер профил посветен на најдобрите и најлошите потези во НБА.

Зубац мечот го заврши со 10 поени и 14 скока со две асистенции.

ПретходноКлеј Томпсон попушти со нервите, спречена физичка пресметка (ВИДЕО)
СледноСе подготвува „бура“: Италија ќе игра на Мундијалот во Катар?